• вторник, 25 јуни 2024

Севиља заинтересирана за Геце

Севиља заинтересирана за Геце
Берлин, 18 јули 2020 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ќе го потпише играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Марио Геце во најблискиот трансфер прозорец, пренесува „Скај Германија“. Германецот доби статус на слободен агент и може бесплатно да оди во Андалузискиот клуб. Оваа сезона 28-годишниот Геце има одиграно 21 натпревар за „милионерите“, постигнувајќи три гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан