• недела, 22 декември 2024

Севилја го разреши тренерот Алонсо

Севилја го разреши тренерот Алонсо

Севилја, 17 декември 2023 (МИА) - Диего Алонсо повеќе на е тренер на Севилја, објави шпанскиот фудбалски прволигаш на клупскиот официјалниот сајт.

- Севиља соопштува дека го разрешува Диего Алонсо од функцијата тренер на тимот. Клубот му се заблагодарува на уругвајскиот стручњак за неговите услуги и му посакува многу среќа во иднина, се вели во соопштението на клубот.

Четириесет и осумгодишниот Алонсо беше тренер на Севилја од октомври. Под негово водство шпанскиот клуб одигра 14 натпревари, победи само два пати победи, пет пати ремизираше и на седум средби загуби.

Вчеравечер, Севилја загуби од Хетафе на домашен терен (0:3) во 17. коло од Ла Лига. Со 13 бода Андалузијците се на 16. место на првенствената табела.

Покрај слабите игри во домашното првенство, Севилја заврши на последното место во групата Б од Лигата на шампионите со два бода и испадна од европските натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан