• понеделник, 23 декември 2024

Северна Кореја се закани со вооружен одговор на какви било провокации

Северна Кореја се закани со вооружен одговор на какви било провокации

Сеул, 7 јануари 2024 (МИА) - Севернокорејската армија веднаш ќе започне вооружен одговор на какви било провокации, изјави денеска Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесоа севернокорејските медиуми.

Предупредувањето дојде откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе од 60 артилериски гранати во близина на спорната поморска граница меѓу двете земји во саботата, и повеќе од 200 артилериски проектили претходниот ден.

-Дозволете ми да бидам јасна уште еднаш и да кажам дека нашата војска е подготвена за вооружена акција. Нашата војска веднаш ќе започне вооружен одговор дури и во случај на мала провокација, рече Ким Јо Јонг. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан