Северна Кореја истрела проектили во Источно Море
- Северна Кореја истрела неидентификувани проектили во Источно Море, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја

Сеул, 29 март 2020 (МИА) – Северна Кореја истрела неидентификувани проектили во Источно Море, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.
Не е наведено колку проектили се лансирани.
Тоа е четвртипат во текот на месецот Северна Кореја да лансира неидентификувани проектили.
Северна Кореја лансираше две балистички ракети со краток дострел на 21 март. ми/