• вторник, 14 мај 2024

Северна Кореја истрела две ракети со мал дострел

Северна Кореја истрела две ракети со мал дострел

Сеул, 15 јуни 2023 (МИА) – Северна Кореја лансираше две ракети со мал дострел во близина на нејзиниот источен брег, соопшти армијата на Јужна Кореја. Претходно беше објавено дека Пјонгјанг истрелал најверојатно балистичка ракета.

Ракетите се лансирани кога се одржуваат заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја, а и во исто време кога советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан беше во Токио на средби со неговите јапонски и јужнокорејски колеги и кога.

Тројцата разговараа за ракетната програма на Северна Кореја и потврдија дека тесно ќе соработуваат за да го натераат Пјонгјанг да се откаже од своето нуклеарно оружје. Во заедничката изјава објавена од Белата куќа, САД, Јужна Кореја и Јапонија ги осудија лансирањето на проектили од Северна Кореја, потенцирајќи дека со тоа се кршат повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека двете балистички проектили паднале во ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) на земјата, најверојатно летајќи по погрешна траекторија.

Тие слетаа во Јапонско Море на околу 250 километри северо-северозападно од островот Хегура, што претставува 13-ти пат севернокорејски проектили да слетаат во јапонската ЕЕЗ, соопшти Токио.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида севернокорејските ракети ги оцени како „ескалација на провокациите против меѓународната заедница како целина“.

На Северна Кореја и е забрането да лансира балистички ракети од секаков вид со резолуции на ОН. По серијата ракетни проби минатата година, изолираната земја и оваа година тестираше ракети кои можат да носат нуклеарни глави. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан