• петок, 22 ноември 2024

Себаљос сака да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната

Себаљос сака да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната

Мадрид, 18 април 2024 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид и повремен шпански репрезентативец Дани Себаљос ќе го напушти мадридскиот клуб по крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Себаљос (27) има договор со Реал до јуни 2027 година, но одлучи да го напушти мадридскиот клуб, бидејќи е незадоволен од статусот кај тренерот Карло Анчелоти.

Во текот на летото минатата година, Себаљос одби неколку понуди од други клубови, бидејќи беше убеден дека ќе се бори за место во стартниот тим на Реал. Сепак, тој оваа сезона одигра само 21 натпревар за мадридскиот клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека управата на Реал е подготвена да го пушти Себаљос на крајот на сезоната со отштета од осум милиони евра.

Себаљос во Реал пристигна во 2017 година од Бетис, а од 2019 до 2021 година беше на позајмица во Арсенал во Лондон. За шпанската репрезентација одигра 13 натпревари. дс

Фото:Архива

Остани поврзан