• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Јанушев покажува слики од кампањата во 2016 година, тврди се печателе во 2021-ва

СДСМ: Јанушев покажува слики од кампањата во 2016 година, тврди се печателе во 2021-ва

Скопје, 29 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се во сериозна криза и страв, штом со слики од кампањата од 2016 година се обидуваат да докажат дека се злоупотребувала Владата за печатење на материјали за СДСМ во 2021 година.

Очајот и потребата да се спинуваат и покријат сите скандали во кој е фатен Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ ги тера да креираат смешни скандали со уште посмешни докази.

Слободно институциите нека истражат за каков тоа скандал се работи со печатење на изборен материјал кој се печател преку временска машина, за потребите во 2016 година, но со датум на печатење во 2021.

Граѓаните се смеат на јаловите обиди на Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ даги прикријат сериозните криминали на нивните функционери како денешниот во кој Сања Божиновска преку својата приватна фирма и останала должна на МЕПСО еден милион евра.

Јанушев уште и должи одговор на јавноста во каков бизнис е со Панче Тошковски и да ја објави постапката во која тие двајцата се стекнале со убави станови од над 150 квадрати во центарот на градот во период кога беше актуелен скандалот со набавката на кинеските автобуси.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан