• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните

СДСМ: Тошковски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните

Скопје, 30 ноември 2024

Како во лош криминален филм среде Скопје се случи вооружен грабеж во позната продавница за техника, во градскиот парк.

Додека се уште работела продавницата, криминалците со качулки на главите и експлозивни направи кај себе извршиле дрско вооружено разбојништво. 

Граѓаните веќе не се безбедни не само на улиците туку веќе не се безбедни ниту во продавниците. Безбедноста на граѓаните е целосно нарушена поради неспособноста на Тошковски. 

Само еден ден пред овој вооружен грабеж, македонското знаме беше запалено а се пукаше со автоматски оружја. Пукачите не се приведени се уште.

Безбедносниот систем е разрушен од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се потврдува дека Тошковски и МВР немаат контрола  над безбедноста, институциите не може да ја гарантирааат безбедноста на граѓаните како што треба.

Во последните 5 месеци се случија над 20 вооружени инциденти и убиства.

Ова е резултат и на партизацијата на МВР и безбедносниот апарат за политички интереси на Мицкоски и ДПМНЕ. 

Тошковски е најнеспособниот миистер во историјата и треба да си поднесе оставка.

СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 
 

Остани поврзан