• среда, 14 јануари 2026

СДСМ: Техничката влада мора да остане, никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада

СДСМ: Техничката влада мора да остане, никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада

13 јануари 2026

Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 

Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада. Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. 

Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример  дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.

Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.

Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане.

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

Остани поврзан