• петок, 20 февруари 2026

СДСМ: Скопје во колапс

СДСМ: Скопје во колапс

21 јануари 2026


Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО. 

Дали ова е „Safe city“?

Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.

Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.

Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа.

 

Фото: СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан