• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Растот на извозот, растот на платите, се доказ за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ

СДСМ: Растот на извозот, растот на платите, се доказ за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ
Скопје, 8 јули 2021 Македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добра насока, по успешното надминување на коронакризата, а тоа го покажуваат официјалните економски показатели. Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, забележуваме раст на извозот од 58,2 отсто споредено со истиот период 2020 година. Паралелно, бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност. Денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Сите овие показатели говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна, социјалдемократска партија остануваме целосно посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и носат засилен економски развој. Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан