• недела, 12 мај 2024

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Гевгелија, Богданци и Валандово: Земјоделците имаат сигурен партнер

СДСМ рамо до рамо со граѓаните на Гевгелија, Богданци и Валандово: Земјоделците имаат сигурен партнер

Скопје, 10 апил 2023Организациониот секретар Вангел Андрески заедно со членката на ИО на СДСМ Ана Маркова Данева денеска беа во посета на општина Богданци, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.  - СДСМ е партија која го слуша гласот и ги следи потребите на граѓаните и затоа секојдневно сме на терен. Како мерки за заштита на стандард на граѓаните и борба против последиците од увезената инфлација, ги замрзнавме, односно намаливме цените на основните прехранбени Не дозволивме профит на грбот на народот, не дозволивме во време на криза некој да се богати а народот да осиромашува. Цврсто застанавме и се уште стоиме зад граѓаните и нивните интереси“ истакна Андрески.Во Валандово беа членовите на ИО на СДСМ, Андреј петров и Никола Рилак кои пред граѓаните истакнаа дека додека СДСМ се грижи за граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот шеф Мицкоски кој е под заложништво на Апасиев прават се за да го попречат патот кон ЕУ, но дека СДСМ заедно со граѓаните, тоа нема да го дозволи.Претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ, Трајан Димковски заедно со Небојша Стојановиќ беа меѓу граѓаните на општина Гевгелија, каде порачаа дека само во СДСМ земјоделците имаат сигурен партнер со кој заеднички се носат решенија и дека со новата методологија за првпат субвенциите се исплаќаат авансно и дека државата е постојано со агросекторот со цел да се обезбеди што подобар пласман на производите.

СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

фото: СДСМ

Остани поврзан