• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: „Рамо до рамо“ до победа во Охрид, Кичево, Василево, Свети Николе, Прилеп...

СДСМ: „Рамо до рамо“ до победа во Охрид, Кичево,  Василево, Свети Николе, Прилеп...

Скопје, 1 јуни 2023 

„Рамо до рамо до победа“ во Охрид, Кичево и Василево: СДСМ е тука за граѓаните, за повисоки плати и пензии, за рекордни инвестиции во енергетиката и инфраструктурата.

Караванот „Рамо до рамо до победа“ продолжува на терен, меѓу граѓаните.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска беше меѓу граѓаните на општина Василево.

- Грижата се секој поединец е врвен приоритет за СДСМ и ние тоа го покажуваме на дело. За работниците ја зголемивме минималната плата на 20.17 денари, за пензионерите ги зголемуваме пензиите на секој шест месеци, за ранливите категории граѓаните минималната гарантирана помош ја зголемивме за неколку пати, обезбедивме и надомест за стечајните работници, но и државна социјална пензија за оние граѓани кои не исполнуваат услови за стекнување пензија. Сето тоа го правиме во партнерски однос со нашите сограѓани и така и ќе продолжиме и во иднина, затоа што СДСМ е тука за граѓаните, порача Тренчевска.

Во општина Охрид беа Дарио Николовски и  Магдалена Грашковска.

- Со мудри, ефикасни политики успеавме да ја пребродиме светската енергетска криза, но и рекордно да го зголемиме домашното производство. Правиме енергетска трансформација на државата инсталирани се 283 мегават часови од обновливи извори и веќе се подготвуваме за следна грејна сезона, порача Николовски.

Во Кичево беа Наумче Мојсоски и  Вангелија Велева  кои пред присутните истакнаа дека со изградбата на коридорот 8, Кичево ќе стане многу подобро поврзан град што ќе отвори можност за засилен економски развој и на градот, но и на регионот.

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот Перо Костадинов, заедно со Весна Томовска беше меѓу граѓаните на Свети Николе.

 СДСМ се грижи за сите граѓани, во услови на криза ја зголемивме минималната плата, ги покачивме пензиите, со навремени и ефикасни мерки и политики ги поддржуваме земјоделците, субвенциите се исплаќаат редовно и неселективно рече Костадинов, додавајќи дека  од оваа година започнува авансна исплата на субвенциите.

Костадинов нагласи дека за само два месеци се исплатени 80 милиони евра субвенции, од кои 26 милиони за тутунарите, а откупните цени за тутунот се повисоки за 44 проценти.

Имаме резултати што прават разлика, овозможуваме нови мерки за малите производители, малите винарии, дестилерии, овозможивме нова мерка Бизнис план, единствени во регионот имаме Интервентен фонд од 6 милиони евра, младите земјоделци ги поддржуваме со два гранта од 10.000 и 20.000 евра за активно да се вклучат во земјоделството со сопствено земјоделско стопанство, а при тоа се ослободени од надоместокот за закуп на државно земјоделско земјиште, истакна Костадинов во Свети Николе.

Рамо до рамо со граѓаните на Прилеп беше Борис Тунџев, кој нагласи дека по децении чекање, конечно се реализира изградбата на коридорот 8, но и коридорот 10Д, односно изградба на автопат Битола – Прилеп.

Коридорот 10Д е во интерес на целиот Пелагониски регион, тоа е реализација на стратешка цел на генерации жители од овој дел од државата, но истовремено значи унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани, зголемување на потенцијалите за компаниите, инвестицијата од 1,3 милијарди евра, ќе им донесе над 600 милиони евра на домашните компании и раст на БДП од 2 отсто годишно во наредните пет години, порача Тунџев во Прилеп.

Рамо до рамо со граѓаните на Пехчево: Глас за Европа е клуч за македонската иднина

Интензивните теренски активности на СДСМ, рамо до рамо со народот, продолжуваат со повеќе средби ширум републиката.

Во Пехчево денеска рамо до рамо со граѓаните беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската Комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески.

-Глас за Европа е клуч за македонската иднина. Отвора врата на можности за подобар живот ама и за вградување на македонскиот идентитет во европскиот, што значи негово обезбедување за навек. Имаме историска шанса која не смееме да ја пропуштиме, да исполниме уште една стратешка цел, членство во ЕУ. Сами да ја кроиме нашата судбина, ние да одлучуваме за нас ама и за Европа, рамноправни на големата маса, рамо до рамо со силните европски држави,  рече на маалска средба генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.

Одлуката пред општествени чинители и пред сите пратеници е интеграција или изолација, додаде Зечевиќ и ги повика пратениците да ги стават националните и државни интереси на прво место.  

-Ги повикувам политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ да размислат, да се одважат и да се приклучат на блокот за ЕУ, на патот за европска интеграција. Глас за Европа е глас за сигурна иднина, на стабилност, безбедност и економски раст. Нека вашиот глас биде катализатор кој ќе го забрза напредокот на земјава а воедно ќе стави крај на историските неправди и негирања. Да бидеме заедно во новиот национален успех, за Европска Македонија, рече Зечевиќ попладнево на маалска средба со жителите на Пехчево.

„Рамо до рамо до победа“ во Аеродром и Зелениково: Одговорноста за европската иднина на државата е на сите 120 пратеници во Собранието

Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ денеска меѓу граѓаните на општина Аеродром  беа Оливер Спасовски и Мелиса Ц.Серафимовска, а средби со граѓаните на Зелениково оствари портпаролката Богданка Кузевска.

Спасовски пред граѓаните на Аеродром истакна дека СДСМ има направено најмногу за исполнување на стратешките цели на државата, со државнички и одговорни политики ја внесе земјата во полноправно членство во НАТО, ги започнаа преговорите со ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет.

Сега во македонското Собрание е моментот за одлука, да се продолжи по европскиот пат, до целосна интеграција во ЕУ, како држава и како народ имаме историска шанса која што треба да ја зграпчиме, рече Спасовски, додавајќи дека сите политички субјекти имаат обврска и одговорност да се приклучат на процесот што ја обезбедува нашата европска иднина.

Се наоѓаме на крстосница меѓу интеграција и изолација. Пораките ЕУ и нашиот стратешки партнер САД се јасни и недвосмислени, треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување, сега е моментот кога треба да ги донесеме потребните одлуки за европска иднина на државата, за иднината на државата, за сегашните и за идните генерации, порача Спасовски.

Членката на ИО на СДСМ Мелиса Ц.Серафимовска се осврна на придобивките од евроинтеграциите за државата и за граѓаните.

Со евроинтеграциите, европските вредности ни доаѓаат дома, се отовраат толку посакуваните можности за сите граѓани, пред се за младите, со рамноправен пристап до европските универзитети, до подобри работни места и повисоки плати, за компаниите и земјоделците пристап до најголемиот пазар, сигурност и предвидливост за државата и граѓаните, европските можности ни се на дофат, предолго чекавме, сега е време за дејствување, рече Серафимовска.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во Зелениково истакна дека одговорност за европската иднина на државата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата иднина е Европска, тоа е наша стратешка цел, повеќе од 30 години, но сега имаме ветер во грбот за реализација, имаме јасна и силна поддршка од ЕУ и од САД, преговорите се почнати, скринигот се одвива одлично, истакна Кузеска, додавајќи дека сега за прв пат во историјата блокадите и опструкциите доаѓаат одвнатре, од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Јавноста чека одговор од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што одлучил, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник, азилантот Никола Груевски кој 11 години го одолговлекуваше и го блокираше патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, порача Кузеска.

Центар за комункации СДСМ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

Со почит,

Остани поврзан