• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Постојаните напади кон АД ЕСМ имаат цел да го потврдат статусот на Мицкоски како најнеуспешен директор на компанијата

СДСМ: Постојаните напади кон АД ЕСМ имаат цел да го потврдат статусот на Мицкоски како најнеуспешен директор на компанијата
Скопје, 27 јуни 2021  Реакција на изнесени ставови на Мицкоски Постојаните напади кон АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) од страна на Христијан Мицкоски имаат две цели: да го потврдат статусот на Мицкоски како најнеуспешен директор на Државните електрани во историјата на компанијата и да го ублажат, колку што е можно, извесниот пораз што го очекува на следните избори. Мицкоски сака на три месеци до избори да застане се за да може Мицкоски да се оправда пред своето членство за новиот пораз што ќе го доживее. И самиот Мицкоски треба да биде свесен дека одамна зад нас е 2017 година, кога во јануари потпиша договори од јавни набавки од десетици милиони евра со рок на траење од две години. Дополнително, веднаш по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, кога беше кристално јасно дека партијата заминува во опозиција, во функција на генерален директор на тогаш АД ЕЛЕМ, а сега АД ЕСМ, Мицкоски склучи договор за ископ со Марковски компани, после постапка со преговарање или според неговиот вокабулар, постапка во четири очи. Наместо да ја замајува и засмејува јавноста со секојдневни неосновани напади врз АД ЕСМ, Мицкоски најпрвин треба да си признае себеси дека фактот што го раководел некогаш АД ЕЛЕМ не значи и познавање на областите енергетика и економија. И во двете области Мицкоски има единица! Неговите ,,резулати" во работењето го прават најнеуспешниот директор во историјата на компанијата, во чие време цената на струјата се поскапи за 100 проценти. Затоа, пак, се погрижи и по неговото заминување од АД ЕСМ (тогашно АД ЕЛЕМ) и понатаму да остане присутен во енергетскиот сектор, особено во хидропотенцијалите. Колку сака статуси нека пишува Мицкоски, ништо не го спасува од нов пораз на изборите наесен. СДСМ Центар за комуникации со јавноста __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан