• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Нов ден, нова невистина на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски

СДСМ: Нов ден, нова невистина на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски
Скопје, 5 февруари 2022
Апсолутна невистина се денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ  за наводна поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка.
Во врска со овој настан надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки.
Инцидентот бил пријавен и веднаш имало реакција од страна на МВР Крива Паланка, при што две лица биле приведени истата вечер. Дополнително од страна на ПС Крива Паланка за случајот е информиран и надлежен јавен обвинител.
Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара.
Во ВМРО-ДПМНЕ огромен е очајот па затоа секојдневно со лаги неосновано напаѓаат членови на Владата.
Знаат и самите дека Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните додека нивните градоначалници не работат ништо па затоа имаат потреба секојдневно да конструираат случаи со кои ја манипулираат јавноста.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста
________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Тагови

Остани поврзан