• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните

СДСМ:  Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните

Скопје, 14 јануари 2024

 


Нова афера со сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ .

Според јавно достапни податоци, општина Битола набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.

Станува збор за разлика од 47.000 евра!

Иста таква машина набавила и општина Велес по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола.

Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан