• недела, 22 декември 2024

СДСМ на состанок со Стопанската комора, бизнисот бара рационално поставени буџетските трошења

СДСМ на состанок со Стопанската комора, бизнисот бара рационално поставени буџетските трошења

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Сите барања на Стопанската комора за Социјалдемократскиот сојуз се логични, во најголем дел прифатливи и ги поддржуваат, а за Стопанската комора, соработката со СДСМ довела до дијалог во кој се гледале сите можни подобри опции. Ова беше истакнато во изјава за медиуми од страна на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески.

Пред почетокот на денешниот работен состанок на Стопанската комора со претставници на политичката партија СДСМ што се одржува во просториите на комората, Ковачевски го потенцираше, како што рече „партнерскиот однос“, што изминативе години го имале како Влада со Комората, и истакна дека сите барања кои Стопанската комора ги испратила до политичките партии се прифаливи за СДСМ.

- Сите барања на Стопанската комора се логични, за нас се во најголем дел прифатливи и ги поддржуваме. Дури, кај некои предлагаме и уште посилно зацврстување на барањето, со оглед на тоа дека сметаме дека можат да бидат направени на поинтензивен начин заради тоа што ќе дадат подобри резултати, рече тој.

Според Азески, се работело за исклучително турбулентен период во кој, како што рече, приодот на владата и конструктивноста на Комората, биле на високо ниво и спречиле поголеми последици од кризите.

- Ние имавме различни позиции по повеќе прашања, меѓутоа тоа не оставаше трага во секојдневното работење. За мене и моите колеги премиерскиот кабинет беше отворен секогаш, Владата беше на располагање. Ние не можеме да речеме дека таа соработка беше обременета или не беше возможна, напротив, можеме да кажеме дека доведуваше до дијалог во кој се гледаа сите можни подобри опции.

Тој дополни дека очекува на состанокот да наидат на заеднички ставови со СДСМ.

- Се надевам дека ќе наидеме на заеднички ставови околу буџетските трошења, кои што мора да бидат рационално поставени. Околу приоритетите на трошењето, кога ќе имаш малку е тешко да воспоставиш такви приоритети. Ние имаме искуство во соработка, се надевам дека послесно ќе дојдеме до одредени решенија што мислиме дека ќе значат напредок во наредниот период, дополни тој.ар/
Фото:МИА

 

Остани поврзан