СДСМ: Мицкоски се што прави е за спас на неговата фотелја
- Христијан Мицкоски не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе.
Скопје, 14 јуни 2022
Христијан Мицкоски не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе.
Причините за распадот на коалицијата на Мицкоски ги наведоа токму негови поранешни коалициони партнери кои јавно излегоа и обвинија за рекет и закани кон бизнисмени.
За овие сериозни наводи и индиции за рекет и закани кон бизнисмени треба да се произнесе Јавното обвинителство.
Едно е факт. Мицкоски е во коалиција со криминалот на Никола Груевски.
„Талир 2“ „Тврдина - Таргет“ „Тенк“ „Плацови на Водно“ како и последниот случај со „Криминални парцели“ кој е во истражна постапка се уште потврда за тоа.
Се што прави Мицкоски, прави за спас на неговата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
———————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.