• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски можеш да се обединиш само со криминалот на чиј браник си

СДСМ: Мицкоски можеш да се обединиш само со криминалот на чиј браник си
17 февруари 2021  Соопштение за јавност - реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Мицкоски, ненормална работа е да глумиш патриот а со лажни вести да правиш поделба меѓу Македонците, ти можеш да се обединиш само со криминалот на чиј браник си Ескалира стравот од правдата и одговорноста кај лажниот патриот и докажан губитник Христијан Мицкоски и затоа веќе не бира ниту зборови ниту средства во неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ. Подла и тешка лага се тврдењата на губитникот Мицкоски дека името Македонија било забрането од кого било, кога јавно достапни документи покажуваат дека во изминатиот период фирми и здруженија кои се формираат во својот назив го содржат терминот Македонија. Неоснованите напади, навредите, нискиот речник на Мицкоски само покажуваат колкав е стравот кај него од реформите во судството, од налетот на правдата и одговорноста за секој кој го прекршил законот. Ненормална работа е, што би рекол Мицкоски, да глумиш лажен патриот и очајно да се обидуваш преку лажни вести, дезинформации и навреди да создаваш поделби и омраза меѓу Македонците, нешто што Мицкоски го прави и денеска но и години наназад. Мицкоски, ти можеш да се обединиш единствено со криминалот на чиј браник си единствено ти и тоа по твое сопствено признание. Мицкоски, ако сакаш да зборуваш за одговорност, прво побарај одговорност и оставка од твојот соработник и пратеник Антонијо Милошоски за кој целата јавност виде дека бил осудуван и казнет во Германија за сторени кривични дела. А се до тогаш Мицкоски, не се чуди зошто шест пати губиш од граѓаните, зошто си опозиција и зошто уште многу ќе останеш таму. СДСМ Центар за комуникации  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан