• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани

СДСМ: Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани

23 август 2024 

 

Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани, ОЈО итно да спроведе истрага и да се објават снимките


Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска шема за негово пуштање е огромен, мега скандал за кој мора да има одговорност. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е фатена жива.


Тоа што Христијан Мицкоски се фрли на обвинувања на СДСМ и не бара одговорност од никого, покажува дека наредбата за реализација на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово дошла од повисоко. 


Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го забошоти. Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?


СДСМ бара ОЈО да спроведе независна истрага, да не штити никого во овој мега скандал.


СДСМ бара декласификација и објавување на снимките од граничниот премин веднаш. Нека се објават снимките и нека видат граѓаните која е вистината. Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако. 


Тошковски треба да си даде оставка а ОЈО да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир.

Центар за комуникации СДСМ 

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан