• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Максим Димитриевски направи раскол во опозицијата за да се спаси од прогон

СДСМ: Максим Димитриевски направи раскол во опозицијата за да се спаси од прогон

4 јули 2025 

Скандал од невидени размери е повлекувањето на кумановското Јавно обвинителство од постапката против градоначалникот Максим Димитриевски само неколку дена пред да се донесе пресудата. 

Но, овој скандал конечно потврдува и зошто Максим Димитриевски конечно влезе во коалиција со Мицковски и која беше неговата цел. 

Оваа одлука јасно ја открива вистинската причина зошто Максим Димитриевски влезе во коалиција со Христијан Мицкоски, само за да ја избегне личната одговорност пред правосудните органи.

Тројанскиот коњ во опозицијата – сега веќе е комплетно разобличен.

Цената за расколот во опозицијата беше токму спасот на Димитриевски од кривичен прогон. Тој одигра улога на саботажа и денес му слугува на Мицкоски како измеќар.  За возврат доби политичка заштита од правен прогон. 

Сега е јасно зошто молчи за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Максо станал вечен должник на Мицкоски.

Ова не е само правен скандал – ова е тежок политички договор кој ја компромитира независноста на обвинителството и го поткопува целиот правосуден систем.

СДСМ бара истрагата од самото обвинителство и итна одговорност.

Вистината ќе излезе на виделина – а одговорноста ќе го стигне секого кога тогаш. Нема бегање од правдата.

 

Прес-конференција, Атина Мургашанска од СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан