СДСМ: Деструкциите на Мицкоски ќе бидат повторно поразени
- Очекувавме вечерва дека Христијан Мицкоски ќе го искористи јавниот настап и и ќе побара од неговите пратеници да ги вратат платите, патните трошоци, мобилните телфони, што се над 55.000 евра
Скопје, 11 мај 2022
Очекувавме вечерва дека Христијан Мицкоски ќе го искористи јавниот настап и и ќе побара од неговите пратеници да ги вратат платите, патните трошоци, мобилните телфони, што се над 55.000 евра месечно.
Но наместо тоа, Мицкоски тврдоглаво се фатил за деструкциите и блокадите. Се надева дека вештачки ќе создаде политичка криза и ќе предизвика штета врз граѓаните.
Очигледно навива земјата да застане, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот на блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш.
Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека нивните блокади нема да успеат.
Денеска во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува. ВМРО-ДПМНЕ не постигна ништо освен што ја одолговлекуваше работата и дискусуја за дневен ред траеше цели два дена.
Така ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади. СДСМ со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад.
Куриозитет е признанието на Мицкоски. Кажа дека е спремен да се дистанцира од брат и сестра, ама од неговиот шеф Никола Груевски никако да се дистанцира, никако да се огради од криминалот, да се извини и да побара одговорност.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.