• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега

СДСМ: Дебакл на Мицкоски, пропаднатата блокада ја менува со протест за месец од сега
Скопје, 16 мај 2022 Откако им пропадна деструктинвата идеја за блокирање на собранието „невидените“ чекори кои ги најавуваше Мицкоски се сведоа на еден протест за еден месец од сега. Ако на Мицкоски му е потребен еден месец за да организира еден протест, тоа говори за внатрешните проблеми кои ги има за да си ја зачува сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, протест е демократско право на опозицијата. Што се однесува до изборите, тоа прашање е затворено. Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и на тие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби. СДСМ уште еднаш посочува дека било какви деструктивни идеи за блокада на државата нема да успеат и повторно ќе бидат поразени. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи за граѓаните и поддршка на стандардот во услови на најголема економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ———————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан