• среда, 25 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се поразени, да им се извинат на граѓаните и да понесат одговорност

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се поразени, да им се извинат на граѓаните и да понесат одговорност
Скопје, 11 ноември 2021 Срам е да го лажеш народот дека имаш мнозинство а во исто време да се покаже дека немаш. Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата. Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови. Срам е да велиш дека некој манипулира а во исто време со недели да ја манипулираш јавноста. Срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за тојот неуспех. Срам е да велиш дека се црни денови за македонската демократија а не се извиниш за сите лаги и да поднесеш оставка. Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со лаги и нови закани. Е тоа е срам. Заканите на ВМРО-ДПМНЕ се показател за нивниот дебакл, за поразот на нивните лаги, за поразот на сите нивни невистини, манипулации... Хритијан Мицкоски, Зијадин Села, и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност. Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан