• четврток, 26 март 2026

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

Скопје, 4 јуни 2025 

Почитувани скопјани,

Ако на некого сѐ уште не му беше јасна природата на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН вчерашната седница на Советот на Град Скопје го покажа тоа во целост: тоа е коалиција на бизнис интереси и бранење на криминал.

Советниците на  ВМРО-ДПМНЕ  самите ја свикаа седницата, самите како точка на дневен ред предложија да се дискутира за дивоградбите во Скопје, но, кога сфатија дека на дневен ред ќе дојдат и скандалите во Чаир, панично ја повлекоа точката – бегајќи од вистината што ги демне.

Ваквото однесување е jaсна потврда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се ставени во заштита на урбаната мафија која го загрозува Скопје и безбедноста на неговите граѓани.

Колку пари вреди молкот на советниците пред незаконското градење?

Што крие Мицкоски, и кого штити Панче Тошковски кога молчи за ова?

Скопје е заложник на урбана мафија која ја штити коалицијата на Мицкоски.

Оваа коалиција ги продава јавните ресурси, ги загрозува урбанистичките стандарди и ги става животите на граѓаните во опасност.

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност?

Бараме итна реакција на сите надлежни институции и целосно расчистување на скандалот со 150 дивоградби.

Одговорност мора да има.

Животите на скопјани се поважни од профитите на коалицијата на власт.

Линк до видео:  https://www.youtube.com/watch?v=yzl-VhpnO00

 

Прес-конференција на СДСМ, Љубица Јанчева - советничка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

 

Остани поврзан