• недела, 29 септември 2024

СДА Македонија со низа активности одбележа 31-годишнина од своето основање

СДА Македонија со низа активности одбележа 31-годишнина од своето основање
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Странка на демократска акција на Македонија со низа активности во текот на минатите денови одбележа 31-годишнина од своето основање, информираат од СДА Македонија. - Во рамки на одбележувањето на 31-годишнината од основањето на СДА Македонија, беше организирана промоција на Едицијата „Бошњаци“, која се одржа во исполнетата сала во општина Чаир, во четврток, 27.10.2022 година, соопштија од партијата. Оттаму велат дека делегацијата на СДА Македонија, предводена од својот претседател Џелал Хоџиќ, остварила работни средби со Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, со премиерот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачeвски,со првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, како и со претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши. сх/бк/

Остани поврзан