СВР Куманово потврди дека жената од липковското село Ваксинце е пронајдена
- Кумановската полиција ја пронајде 40-годишната жена од липковското село Ваксинце, општина Липково, потврди денеска СВР Куманово.
Куманово, 15 октомври 2025 (МИА) - Кумановската полиција ја пронајде 40-годишната жена од липковското село Ваксинце, општина Липково, потврди денеска СВР Куманово.
Вчера нејзиниот сопруг, педесетгодишниот Б. С., пријавил во полицијата дека од домот се оддалечила неговата сопруга, четириесетгодишната С. С.
Центарот за управување со кризи вчера соопшти дека добиле пријавата за исчезнувањето на жената на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, по што по барање на полицијата биле ангажирани и дронови во потрагата.
Вчера, пак, во 15:20 часот во СВР Куманово, З.П.(58) пријавил дека од домот се оддалечила неговата братучетка С.П. (65) од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, која имала здравствени проблеми. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето. ам/мд/
Фото: МИА