• петок, 22 ноември 2024

Свечен прием на првачињата во училиштата во Штип и Карбинци

Свечен прием на првачињата во училиштата во Штип и Карбинци

Штип, 30 август 2024 (МИА) - Околу 400 првачиња денеска беа примени во штипските основни училишта. Традиционално,  пред стартот на учебната година се врши свечениот прием на првачињата, кои се запознаваат со своите наставнички или наставници.

Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска присуствуваше на прием на првачињата во Општинското основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“, каде што истакна дека почетокот на учебната година е посебен момент за секое дете и неговото семејство.

- Драги наши првачиња и ученици, од денес ќе зачекорите по нова животна патека во која ќе стекнувате нови знаења, нови пријателства и ќе откривате нови хоризонти. Ви посакувам добро здравје,среќа и многу успех во учебната година, рече Јорданов.

Прием на првачињата се изврши и во соседната Општина Карбинци. Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов им посака успешен почеток на првачињата.

-Општина Карбинци и оваа година додели бесплатни униформи и училишен прибор за секое прваче, исто така ќе додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.000 денари кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, вели Паунов.

Посочи дека целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите, како  и за подобри услови во образовниот процес за секое дете. вдј/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан