Свечено отворен 20 јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“
- Со настап на домаќините Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“ од Велес и Културно уметничкото друштво „Тодор Јанев“ од Чашка, како и гостите - учесници од Чиле, Турција, Мексико ,Чешка и Германиј, кои ја воодушевија повеќеилјадната публика во амфитеарот на Младинскиот парк во Велес, синоќа свечено беше отворен 20. јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“.
Велес, 2 јули 2025 (МИА) – Со настап на домаќините Фолклорниот ансамбл „Вила Зора“ од Велес и Културно уметничкото друштво „Тодор Јанев“ од Чашка, како и гостите - учесници од Чиле, Турција, Мексико ,Чешка и Германиј, кои ја воодушевија повеќеилјадната публика во амфитеарот на Младинскиот парк во Велес, синоќа свечено беше отворен 20. јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“.
Фестивалот, кој ќе се одржува од 1 до 5 јули, го организираат велешките фолклорни друштва со поддршка на Општина Велес и Министерството за култура и туризам.
На отворањето му претходеше традиционалното дефиле на учесниците по главната велешка улица од средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“ каде што се сместени учесниците се до амфитеатарот на Младинскит парк.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателотна Организациониот одбор, Томе Јаневски, потенцирајќи дека овде на сцената се созава мал свет за секој што може да го види и да живее.
На втората фестивалска, вечер во 20:30 часо, на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк свој настап ќе има Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“- Македонија.
Годинава на 20 ИФФ „Велес 2025“ учествуваат фолклористи и различни ансамбли и групи од осум држави од пет континенти, меѓу кои се и гости од Јужна Америка и Австралија, како и од соседна Србија и повеќе македонски фолклорни ансамбли и пеачки групи. ад/дма/
Фото:МИА