• понеделник, 04 ноември 2024

Светска банка и додели на Турција 600 милиони долари за борба против поплавите и сушата

Светска банка и додели на Турција 600 милиони долари за борба против поплавите и сушата

Вашингтон, 1 јули 2024 (МИА) - Светската банка објави дека нејзиниот Одбор на гувернери одобрил финансирање од 600 милиони долари за поддршка на напорите на Турција да го заштити своето население во борбата против поплавите и сушите кои стануваат се почести и интензивни поради климатските промени.

Проектот за справување со управување со поплави и суша во Турција ќе помогне да се зголеми контролата на опасностите од поплави за луѓето кои живеат во области подложни на поплави, се вели во соопштението на банката.

Во него се наведува и дека поплавите (близу 30 отсто од природните непогоди во земјава во последно време се поради поплави), предизвикуваат големи економски штети и се причина за се повеќе човечки жртви.

Сушата е уште еден клучен предизвик, особено за Турција, која е деветти најголем производител на земјоделски производи во светот, се вели во соопштението на Светска банка. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан