• сабота, 23 ноември 2024

Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници

Света Гора делумно се отвора на 1 јуни, под посебни мерки и за ограничен број верници
Атина, 28 мај 2020 (МИА) - Само со покани и само за поклонение, најмногу 15 верници дневно ќе можат да ги посетат манастирите во Света Гора од 1 јуни, кога по два и пол месеци делумно се укинува забраната за посети, објавија грчките медиуми. Света Гора, според истите информации, ќе биде отворена, но само со издадени покани за верниците, за конкретни манастири, а за поклониците ќе биде забрането е движење од еден во друг манастири, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на летото, се очекува да има и дополнително ублажување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Управните органи и Светата заедница на 19 март 2020 година одлучија, манастирите во Света Гора,  да бидат затворени за посетителите и поклониците, прифаќајќи ја тогашната одлука на грчката Влада што се однесуваше на црквите и сите останати религиозни објекти во Грција. ср/ми/

Остани поврзан