• четврток, 18 јули 2024

Саутгејт: Против Исланд бевме далеку од идеални

Саутгејт: Против Исланд бевме далеку од идеални

Лондон, 8 јуни 2024 (МИА) – Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт ги искритикува неговите избраници за изданието на пријателскиот натпревар со Исланд.

Англичаните синоќа на „Вембли“ во Лондон загубија со 1:0.

Во пресрет на Евро 2024, тимот на Саутгејт има само една победа во пет натпревари.

- Далеку од идеално. Нема да се обидам да дадам оценка на друг начин. Трофеј на Европското првенство не може да се освои преку талент и со самото учество. Фудбалот не функционира така. Потребна е прецизност во секој аспект од играта за да се победи кој било натпревар на ова ниво. Бевме далеку од тоа на средбата со Исланд кој заслужи да победи. Имаа уште неколку шанси. Мислам дека навистина овој пораз ќе нè натера да се фокусираме на вистинскиот пат, рече Саутгејт.

Англија на Евро 2024 кое ќе с еигра од 14 јуни до 14 јули е во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан