Саутгејт нема да оди на „Олд Трафорд“
- Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт на Генералното собрание на Европската клупска асоцијација кое денеска се одржува во Атина зборуваше за својата иднина.
Атина, 10 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт на Генералното собрание на Европската клупска асоцијација кое денеска се одржува во Атина зборуваше за својата иднина.
Деновиве додека Манчестер Јунајтед бележи лоши резултати, се појави вест дека Ерик Тен Хаг би можел да биде заменет со неодамнешниот тренер на „Гордиот Албион“. Наводно, на таа тема имало разговори.
Во меѓувреме на „Олд Трафорд“ ја демантираа веста, а сега ја потврди и Саутгејт. Рече дека нема да се врати на тренерската работа најмалку една година.
-Сигурно нема да тренирам следната година, сигурен сум во тоа. Морам да си дадам време да донесам добри одлуки. Кога ќе завршите со толку долг ангажман, треба да му дадете време на вашето тело и ум. Уживам во животот, па нема брзање, рече Герет Саутгејт, пренесе Би-Би-Си.
Саутгејт (54) беше селектор на Англија од 2016 година, а во јули годинава поднесе оставка по поразот од Шпанија во финалето на ЕУРО 2024 година.
Го предводеше „Гордиот Албион“ до две последователни финалиња на Европското првенство, како и до четвртото место на Светското првенство 2018 година. дс
Фото: Архива