• недела, 22 декември 2024

Саудијците и Русите се согласија за нацрт договор, скокна цената на нафтата

Саудијците и Русите се согласија за нацрт договор, скокна цената на нафтата
Њујорк/Лондон, 9 април 2020 (МИА) - Саудиска Арабија и Русија постигнаа договор за нацрт-договор за намалување на производството на нафта во обид да го спречат колапсот на пазарот на „црното злато“ предизвикан од пандемијата на Ковид-19. Цените на нафтата, по оваа вест, се зголемија за 12 проценти. „Двете земји се чини дека ги закопаа несогласувања што доведоа до голем суфицит во снабдувањето со нафта“, пишува Блумберг, повикувајќи се на изјави на неименувани делегати. До доближувањето на ставовите дошло непосредно пред почетокот на вонредната виртуелна средба меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници. Според извештаи на некои светски агенции, цените на суровата нафта пораснаа за 12 проценти по вестите дека ОПЕК и најголемите производители, со Русија на чело, се договориле да го намалат производството за 20 милиони барели на ден. Цената на американската сурова нафта WTI порасна за 12 проценти на 28,36 долари за барел, додека северноморската нафта „брент“ порасна за 8,5 проценти на 35,79 долари за барел. јт/

Тагови

Остани поврзан