• петок, 05 декември 2025

Саудискиот министер за надворешни работи пристигна во Њујорк на конференција за израелско-палестинскиот конфликт

Саудискиот министер за надворешни работи пристигна во Њујорк на конференција за израелско-палестинскиот конфликт

Њујорк, 28 јули 2025 (МИА) - Саудискиот министер за надворешни работи, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, пристигна во Њујорк за да биде копретседател на министерска конференција на високо ниво за мирно решение на палестинското прашање и да разговара за решението за две држави.

Конференцијата ќе се одржи во седиштето на ОН, а копретседатели ќе бидат Франција и Саудиска Арабија.

Настанот има за цел да предложи конкретен рок за воспоставување независна палестинска држава и за прекин на израелската окупација во согласност со Арапската мировна иницијатива и релевантните резолуции на ОН.

Средбата ќе се фокусира и на практични мерки за итна поддршка за подобрување на регионалната безбедност и ублажување на страдањата на палестинскиот народ. мс/

фото: ДПА архива

Остани поврзан