• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Саудиска Арабија спречи обид за шверц на 147 килограми метамфетамин скриен во контејнери на пристаништето во Џеда

Саудиска Арабија спречи обид за шверц на 147 килограми метамфетамин скриен во контејнери на пристаништето во Џеда

Џеда, 16 април 2025 (МИА) - Саудиската управа за контрола на недозволени супстанции, во соработка со локалната Агенција за даночна и царинска контрола, спречи обид за шверц на 147 килограми метамфетамин скриен во контејнери во пристаништето Џеда, објави саудиска новинска агенција.

Властите ги уапсија примателите на пратката, кои се тројца државјани на Пакистан и еден државјанин на Саудиска Арабија.

Органите за безбедност на Саудиска Арабија ја повикаа јавноста да пријави какви било информации поврзани со шверц или продажба на дрога на секаков начин. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан