• петок, 05 декември 2025

Саудиска Арабија планира да ги исплати долговите на Сирија кон Светската банка

Саудиска Арабија планира да ги исплати долговите на Сирија кон Светската банка

Ријад, 14 април 2025 (МИА) – Саудиска Арабија планира да ги исплати долговите на Сирија кон Светската банка, изјавиле денеска три лица запознаени со ова прашање.

На овој начин би се отворил патот за одобрување грантови во вредност од неколку милиони долари за реконструкција и поддршка на парализираниот јавен сектор на таа земја, јавија светските агенции.

Ваквите, досега непознати планови ќе бидат првиот познат случај на Саудиска Арабија да ја финансира Сирија откако бунтовниците, предводени од исламистите, го соборија поранешниот лидер Башар ал Асад минатата година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан