• среда, 03 јули 2024

Сасуоло е првиот клуб во Серија А кој најави продолжување на тренинзите

Сасуоло е првиот клуб во Серија А кој најави продолжување на тренинзите
Сасуоло, 2 мај 2020 (МИА) - Прес-службата на калчолигашот Сасуоло известува дека играчите ќе можат да тренираат на домашниот стадион „Мапеи“ во согласност со правилата на физичка оддалеченост во врска со пандемијата на коронавирус. Забранет е пристап до затворени простори: соблекувални, спортски сали, канцеларии. Тренингот ќе се одржува наутро од понеделник до петок, со употреба на три полиња, шест играчи на час. зс/

Остани поврзан