• недела, 12 мај 2024

Сари: Не можеме да размислуваме за Скудетото, можеме само да сонуваме

Сари: Не можеме да размислуваме за Скудетото, можеме само да сонуваме

Рим, 25 јануари 2023 (МИА) – Тренерот на Лацио, Маурицио Сари се огласи по победата на неговиот тим над Милан со 4:0 синоќа во Серија А.

- Не можеме да размислуваме за Скудетото, само да сонуваме. Сега главната работа е да се фокусираме на следниот натпревар. Не треба да размислуваме премногу далеку, треба да одиме од натпревар во натпревар и да го задржиме адреналинот што го имавме на дуелот со Милан. За жал, често ни недостасува. Ова е веројатно нашата најдобра игра откако сум тука. Неодамна играчите изразија желба да се жртвуваат за доброто на тимот и тоа ме изненади. Ако се ослободиме од глупавата навика да трошиме бодови на натпревари со тимови кои се послаби на хартија од нас, тогаш можеме да се претставиме уште подобро,  изјави главниот тренер на Лацио.

По 19 кола, римјаните се на 3. место на табелата, со заостанување зад лидерот Наполи од 13 бода. зс/

Остани поврзан