• петок, 22 ноември 2024

Санчез преживеа гласање недоверба во шпанскиот Парламент

Санчез преживеа гласање недоверба во шпанскиот Парламент

Мадрид, 22 март 2023 (МИА) - Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска со големо мнозинство го отфрли предлогот за гласање недоверба на левичарската влада на премиерот Педро Санчез, поднесен од крајнодесничарската популчистичка партија Вокс, јави ДПА.

Во опозициската партија знаеле дека нивниот предлог нема да помине, но нивниот лидер Сантијаго Абаскал одлучил да се оди на гласање и со тоа го продлабочи јазот во третата по големина партија во парламентот, по Социјалистичката работничка партија на премиерот Педро Санчез и конзервативната Народна партија.

Вокс побара изјаснување за недоверба на владата поради обвинувањата дека таа застанала на страната на каталонските и баскиските сепаратисти кои ја поддржале нејзината политика во парламентот во замена за отстапки, „за погрешните и конфискаторски“ економски и фискални политики.

Дводневната дебата пред гласањето му овозможи на премиерот Санчез директно да и се обрати на опозицијата и да ги истакне достигнувањата на неговата коалициска влада, на почетокот на кампањата за регионалните избори што треба да се одржат во мај и општите избори во декември.

-Единствената цел на овој деструктивен предлог е да се вратиме 50 години наназад. Не постои кандидат да води влада или програма, туку само партија која промовира неред и се обидува да ги поткопа демократските вредности, рече премиерот Санчез за време на дебатата.

Главната опозициска Народна партија, која на претходното гласање недоверба, исто така, побарано од Вокс во 2020 година, гласаше против, овојпат се воздржа  од гласање, наведуваат британските медиуми, што го налути Санчез, кој ја обвини партијата дека суштински се усогласува со крајната десница.сдс/

Остани поврзан