• петок, 19 април 2024

Санчез: Објаснувањето на Израел за нападот врз хуманитарците е недоволно и неприфатливо

Санчез: Објаснувањето на Израел за нападот врз хуманитарците е недоволно и неприфатливо

Доха, 3 април 2024 (МИА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека објаснувањето на Израел за нападот врз хуманитарните работници во Појасот Газа, во кој загинаа седум работници на Светската централна кујна (ВЦК) е „недоволно и неприфатливо“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече смртоносниот израелски напад „трагичен настан“ во кој израелските сили ненамерно убиле цивили, додавајќи дека „такви работи се случуваат во војна“.

- Тоа е неприфатливо и недоволно. Чекаме многу посериозно и подетално објаснување, по што ќе видиме што ќе преземеме, рече Санчез на брифинг со новинарите за време на неговата денешна посета на Катар.

Светската централна кујна е хуманитарна организација основана од американскиот готвач со шпанско потекло Хозе Андрес.

Во авторски текст за Њујорк Тајмс, тој му порача на Израел дека не може да ја добие војната со изгладнување на целиот палестински народ. јт/

Фото: Х скриншот

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан