• понеделник, 23 декември 2024

Санчез демантираше дека ќе се сретне со каталонскиот лидер во егзил Пуџдемон

Санчез демантираше дека ќе се сретне со каталонскиот лидер во егзил Пуџдемон

Мадрид, 15 декември 2023 (МИА) - Шпанскиот премиер Педро Санчез демантираше дека е договорена средба со поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон на која ќе треба да се разговара за нормализација на односите. 

Веста дека Санчез и Пуџдемон ќе се сретнат во странство без меѓународни посредници им ја соопшти на медиумите генералниот секретар на партијата на Пуџдемон, Заедно за Каталонија, Жорди Турул, пренесе Еурактив. 

Турул кажа дека е договорено да се најде место и време за средбата и дека е важно да се сретнат и да разговараат без фотографи или други членови на партијата. 

Меѓутоа, идејата за ваква средба беше демантирана од владината портпаролка Пилар Алегра, како и од самиот Санчез. 

-Ја видов мојата агенда и таа содржи само состанок со претседателот на каталонската регионална влада Пере Арагонес на 21-ви, рече Санчез на самитот во Брисел, додавајќи дека неговата агенда е јавна и достапна за сите и дека не вклучува средба со Пучдемон. 

Се наведува дека Санчез неодамна направил компромис за формирање влада со тоа што се согласил да влезе во коалиција со сепаратистичките партии, за возврат да се обврзе на нацрт-законот за амнестија за оние кои биле вклучени во сецесионистичкиот обид во Каталонија во 2017 година, вклучително и Пуџдемон, и за сепаратистичките дејствија извршени помеѓу 2012 година и 2023 година. 

Еурокатив додава дека Санчез и Пуџдемон, кој од 2017 година живее во егзил во Белгија, во средата во исто време беа во Стразбур, но не се сретнаа. сд/

Остани поврзан