• четврток, 17 јули 2025

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест


Нотингем, 21 јуни 2025 (МИА) – Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.
Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.
Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.
„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан