• вторник, 05 ноември 2024

Сантош виден во Варшава, утре седнува на клупата на Полска

Сантош виден во Варшава, утре седнува на клупата на Полска

Варшава, 23 јануари 2023 (МИА) – Поранешниот португалски предводник Фернандо Сантош (68) допатувал денеска во Варшава, ден пред најавената прес-конференција на која Фудбалската федерација на Полска (ПЗПН) најави дека ќе го соопшти името на новиот селектор.

Полскиот портал „Газета“ објави попладнево видео, снимено од далечина, на кое се гледа како Сантош излегува од ВИП делот на аеродромот во Варшава, додека возач на црна лимузина му помага околу личниот багаж.

Портпаролот на ПЗПН, Јакуб Квијатовски, не го потврди доаѓањето на португалскиот стратег, туку само рече дека Федерацијата утре на средба со новинари ќе го претстави новиот селектор.

Сантош ќе седне на местото на Чеслав Михнијевич, кому полската Федерација не му го продолжи договорот.

Сантош, пак, поднесе оставка на клупата на Португалија на која седеше осум години.ег/ссм/

Остани поврзан