Санкционирани 807 возачи за брзо возење на територијата на државата
- Во акција на МВР спроведена во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 807 возачи за возење со поголема брзина од дозволената.
Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Во акција на МВР спроведена во текот на вчерашниот ден биле санкционирани 807 возачи за возење со поголема брзина од дозволената.
- Од нив 53 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 408 надвор од населено место, информираат од МВР. ир/дма/
Фото: МИА архива