• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 67 возачи на автопатот Скопје - Велес

Санкционирани 67 возачи на автопатот Скопје - Велес
Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - Санкционирани се вкупно 67 возачи на автопатот Скопје - Велес, во рамки на засилената акциска контрола што попладнево ја спроведе Мобилната единица за безбедност во сообраќајот. Од нив, 28 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената. Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. - Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР. бт/сп/

Остани поврзан