• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 251 непрописно паркирано возило во Центар за седум дена

Санкционирани 251 непрописно паркирано возило во Центар за седум дена

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, за седум дена санкционираа 251 непрописно паркирано возило. Станува збор за возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат денеска од претпријатието.

- Во периодот од 8 до 14 мај, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП „ПОЦ“, отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“, санкционирани се 123 возила што биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници - резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места, за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. бд/са/

Фото: ЈП „Паркинзи на Општина Центар“

Остани поврзан