• понеделник, 13 мај 2024

Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола

Санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола

Скопје, 13 август 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер (12/13.08.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 22 возачи.

За време на контролата биле санкционирани и 25 други видови прекршоци, информираат од МВР. 

Од МВР информираат дека денеска во периодот од 08.00 до 14.00 на територијата на град Битола била спроведена локална акциска контрола за брзина при што санкционирани се 24 возачи кои ја надминале дозволената  брзина.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила. аа/

Фото: МВР

Остани поврзан