• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 22 возачи за затемнување стакла на возилата

Санкционирани 22 возачи за затемнување стакла на возилата
Скопје, 18 април 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 до 17 овој месец спроведе акциски контроли на територијата на државата во однос на неисполнување на пропишани услови за затемнување на стаклата на возилата. Како што се наведува во соопштението на МВР, при контрола се санкционирани 22 учесници во сообраќајот. - Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението. ијд/сп/

Остани поврзан