• сабота, 15 февруари 2025

Санкционирани 18 возачи за брзо возење на територија на СВР Велес

Санкционирани 18 возачи за брзо возење на територија на СВР Велес
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Велес спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 18 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на санкции едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, пет возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. фф/дма/

Остани поврзан